Тој е еден од најпродаваните, најпреведуваните, најадаптираните и најпопуларните писатели на сите времиња. А според тоа, Стивен Кинг дефинитивно, знае што прави. Еве некои совети за оние кои сакаат да ги следат неговите стапки!
- Доколку не успеете од прва односно, доколку не ви де допадне тоа што сте го сработиле, почнете нешто ново да пишувате!
- Пишувајте шест страници дневно! Не дека е пресуден бројот, но константноста и упорноста се клучот!
- Следете каде ве води приказната! Доколку не гледате многу смисла на напишаното во рамките на вашата приказна, пуштете ги ликовите да ве одведат каде што треба.
- Сте слушнале дека треба да се запишат добрите идеи, но вистината е дека тие не исчезнуваат! Доколку на некоја приказна и е судено да излезе од вашето перо, таа нема да ве напушти!
- На почетокот читајте ги и имитирајте ги другите, а потоа, лека – полека развијте свој стил!
- Пишувањето е вид на само – хипноза и затоа ви треба рутина. Сеедно дали е тоа утринска, пладневна или вечерна активност, практикувајте ја секојдневно.
- Започнете со куса приказна, па развивајте ја! Не мора во главата да имате цел роман или серијал.
- Без разлика дали сакате да бидете само романсиер, не е лошо да вежбате и пишување на сценарија за филмови, серии, па и видео игри. Тоа ќе ви пружи различни перспективи на приказната, а можеби и ќе заработите нешто.
- Пишувањето на некое дело може да трае неколку месеци или неколку години. Затоа е важно идејата и темата да ви бидат нешто што ви годи и што нема да ви здодее после некое време.
- Препуштете им се на зборовите и на светот што го создавате! Исклучете се што ве вознемирува, прекинува, сите попречувачки фактори и уживајте во процесот!