Сутерен.мк

Питер Брук ја напушти сцената

Питер Брук, еден од најиновативните театарски режисери во светот, кој поставуваше силни претстави на „чудн“ места, почина вчера на 97-годишна возраст во Париз (тој од 1974 -та живееше во Франција).

Британскиот режисер – визионер, поставуваше голем број дела, вклучително и многу смели верзии на Шекспир преку опера и хиндуски епови.

Претставите ги поставуваше во спортски сали, напуштени фабрики, каменоломи… Неговата продукција на Шекспировата драма на Сонот на летната ноќ во Шекспир Меморијалниот театар во Стратфорд во 1970 година го обезбеди неговото место во аналите на историјата на театарот.

Иако му се восхитуваа во театарските кругови, тој беше помалку познат на пошироката јавност поради неговото одбивање да се помири со комерцијалниот вкус.

Во 1970 година ја напуштил Британија и заминал во Париз, каде што го основал Центре интернатионал де црéатионс тхéâтралес.

Од тој период се издвојува монументалната режија на епот Махабхарата (1985), која ја преземал истражувајќи ја актерската, лингвистичката, текстуалната и театарско-поетската продуктивност на меѓукултурните вкрстувања. Објавил и повеќе дела за театарот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *