Сутерен.мк

Племе добило интернет – сите се навлекле на порнографија

Племето Марубо, кое со векови живее во мали колиби покрај реката Итуи во Бразил, минатата година за првпат добило брз интернет благодарение на сателитската програма Старлинк на Илон Маск. Заедницата од 2000 членови брзо ги открила неверојатните придобивки од новата технологија.

Припадниците на племето сега може да повикаат помош во итни случаи, со медицински хеликоптери кои можат да пристигнат за неколку часа наместо неколку дена. Тие, исто така, можат веднаш да стапат во контакт со роднини или пријатели оддалечени десетици километри по реката, па дури и подалеку.
Меѓутоа, набргу откако луѓето на Марубо се запознале со радостите на интернетот, започнале да се откриваат и неговите опасности.

Водачите на племето сега известуваат дека луѓето стануваат мрзеливи, поминуваат часови на социјалните мрежи, додека тинејџерите станале зависни од порнографија. Исто така, многу членови на племето станале жртви на интернет измами.
Еноке Марубо (40) изјавил за Њујорк Тајмс дека интернетот го трансформирал едноставниот и технолошки отпорен начин на живот кој неговиот народ го почитувал со векови.

„Толку многу ја промени рутината што стана штетно. Во селото, ако не ловите и не садите, не јадете“, изјавил Еноке.
Алфредо Марубо изјавил дека изненадната изложеност на порнографија довела до загрижувачки пораст на отвореното сексуално однесување во култура каде што бакнувањето во јавност е шокантно. Младите мажи споделуваат експлицитни видеа во групни четови, а кај нив е забележано и поагресивно сексуално однесување.

Тамасеи Марубо, првата жена со лидерска улога во племето, вели дека социјалните мрежи ги отвориле очите на младите членови на племето кон светот, но ги навеле да ги занемарат своите одговорности поминувајќи часови на паметните телефони.
Неколку членови на племето изразиле загриженост дека нивните традиции ќе бидат изгубени поради гласините кои кружат во групните четови. Други објаснуваат дека некои корисници на интернет биле изложени на злоставување од странци на социјалните мрежи и станале жртви на измами.

Една постара членка на племето, Цаинама Марубо (73) едноставно вели: „Работите се влошија. Младите станаа мрзеливи поради интернетот. Тие учат да живеат како бели луѓе“.

Пристапот до интернет е строго контролиран и временски ограничен. Корисниците сега можат да сурфаат на интернет вкупно седум часа дневно – два часа наутро и пет часа попладне – додека заедницата има неограничен пристап во недела.

Оваа политика се смета за привремена мерка додека заедницата не се прилагоди и не најде подобри начини за интегрирање на технологијата во секојдневниот живот.

„Мислам дека интернетот ќе нѝ донесе многу повеќе корист отколку штета“, вели Еноке. „Водачите беа јасни. Не можеме да живееме без интернет.

И покрај поплаките, дури и постарата Цаинама Марубо вели: „Ве молиме, не нѝ го одземајте интернетот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *