Новата мапа со просечна телесна висина на машкото население во европските држави што кружи на интернет, покажува дека сме повисоки и од Бугарите и од Грците.
На прво место се очекувано, Холанѓаните со просекот од 184 сантиметри висина, а на второ Босанците, кои се само за некој милиметар пониски.
Црна Гора е на трето место со просек од 183 см, Србите се шести, Словенците се осми, а Хрватите десетти.
Најниски се Португалците и Турците со просек од 174 см висина.