Фејсбук с(р)еќавања…
Симбол на смената на времињата некогаш беше поинаквиот агол на гледање на нештата. Денес, тоа е најскапата диета што можеш да си ја дозволиш.
****
Својата доверба си ја дал на некој за кого си мислел дека е тврдина на ерудицијата, на лојалноста, на искреноста… Убеден дека ве завел со чистота, па нека е таа позајмена и од нечија убавина…
Нема поголем пораз, кога ќе сфатиш дека таа иста личност е всушност, полна беспомошна блесавост, организирана тупавост и фрази со кои ги урамнотежува своите климави реченици…