Сутерен.мк

Последната порака на Навални до сопругата

Алексеј Навални, рускиот опозициски политичар кој отслужуваше затворска казна на северот на Русија, според официјалните информации денеска починал.

„Душо, кај тебе сè е како во песна: меѓу нас се градови, аеродромски писти, сини снежни бури и илјадници километри. Но, чувствувам дека си блиску секоја секунда, а јас те сакам сè повеќе и повеќе.“

Инаку, Јулија Навална истакна дека веста за смртта на нејзиниот сопруг засега доаѓа само од официјални државни извори.

„Не можеме навистина да им веруваме на Путин и неговата влада“, рече Навална, говорејќи на Безбедносниот форум во Минхен.

Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите сојузници треба да сносат лична одговорност „за се што и прават на Русија“, во случај веста дека нејзиниот сопруг е мртов е точна.

Ги повикувам сите овде да се обединат и да помогнат да се казни режимот во Русија“, рече Навална.

Регионалниот оддел на Федералната поправна служба соопшти дека Навални починал во поправната колонија на 48-годишна возраст. Наводно му се слошило додека бил на прошетка и веднаш изгубил свест, а според официјалните извештаи лекарите се обидувале да го реанимираат повеќе од половина час.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *