Италијанската куќа на висока мода „Армани“ ревијата на машката колекција за оваа сезона на пролет – лето ќе ја одржи во живо, како дел од Миланската модна недела.
Џорџо Армани беше првиот кој заради коронавирусот ги прекина ревиите уште на почетокот на епидемијата и се посвети на производство на заштитна опрема за медицинскиот персонал, која ја делеше бесплатно.
После ревијата на 21 јуни во Милано, потврдена е уште една на 6 јули во Париз, а од „Армани“ нагласуваат дека на овие модни шоуа ќе бидат почитувани сите правила против коронавирусот.