Сутерен.мк

Почетоците на славењето

Дочекот на Новата година е најстар од сите празници, а за прв пат е одбележан во древниот Вавилон, пред околу 4 000 години. Од тогаш многу обичаи се променети и ширум светот се слави на различни начини…

Според античките автори, славењето на почетокот на годината е произлезено од одбележувањето на раѓањето на сонцето и во текот на историјата, како што се менувале религиските системи, се менувале и календарите и начините на сметањето на времето, така и денот кога се дочекува почетокот на годината трпел промени.

Христијаните со векови го избегнувале одбележувањето на новата година заради противење на паганските традиции, па дури од 12 – ти век постепено го прифаќа први јануари како почеток на календарското лето. Разни култури и религиски системи имаат различни обичаи врзани со дочекот на новата година, но сепак, Грегоријанскиот календар денес, од практични причини, се користи речиси, во целиот свет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *