Сутерен.мк

Почина д-р Рут Вестхајмер

Докторката Рут Вестхајмер, познат сексуален терапевт, медиумска личност и преживеана од Холокаустот, позната по водење забавни и културни разговори за сексуалното здравје и задоволство, почина на 96-годишна возраст, објавија странските медиуми.

Вестхајмер почина во нејзиниот дом во Њујорк во петокот, изјави нејзиниот публицист Пјер Леху.
Во 1980-тите, Вестхајмер стана меѓународно позната и почитувана поради нејзините искрени разговори за сексот, најпрво во нејзината радио емисија „Сексуално зборување“, а подоцна и на нејзиното ток-шоу „Добар секс“ со д-р Рут Вестхајмер.

Во време кога дискусијата за сексуалното здравје во главните медиуми се сметаше за табу тема, Вестхајмер, ситна по градба, но отворена жена, стана позната по нејзиниот информативен пристап кон сексуалното образование. Вестхајмер, позната на своите фанови како „Д-р Рут“, ги величеше придобивките од сексот дури и во последните години.

„Зборувајќи за секс од утро до вечер! Тоа ве одржува млади“, изјави Вестхајмер за списанието „Пипл“по повод нејзиниот 95-ти роденден.

Кикотливиот глас на Вестхајмер, со германски акцент, ја направија по глас и изглед неочекувана икона за „сексуална писменост“. Контрадикторноста беше еден од клучевите за нејзиниот успех.
„Сè уште држам старомодни вредности и сум малку правоверна“, им рече таа на учениците од средното училиште во Мичиген Сити во 2002. „Сексот е приватна уметност и приватна работа. Но, сепак, тоа е тема за која мора да разговараме“.

Вестхајмер ги бранеше правата за абортус, им сугерираше на постарите луѓе да имаат секс по добар сон и беше отворен поборник за употреба на кондоми. Веруваше во моногамија.

Вестхајмер е родена во Германија како Карола Рут Зигел. Живеела во Франкфурт со родителите и бабата каде што пораснала. Меѓутоа, во 1938 година, нејзиното семејство било разделено за време на нацистичките напади. Никогаш повеќе не ги видела татка си, мајка си или баба си.

По бунтот во кој беа убиени 91 Евреин, Вестхајмер била испратена од нејзините родители во сиропиталиште во Швајцарија заедно со 300 други еврејски германски деца, преку заштитниот систем наречен Киндертранспорт.

Во 1945 година, таа емигрирала во Палестина под британска контрола, каде што ја започнала својата кариера како снајперист во израелската армија. Таа никогаш не застрела никого во текот на нејзината кариера, но се опоравила од рани од шрапнели на нозете за време на експлозија на нејзиниот 20-ти роденден. Две години подоцна, Вестхајмер се преселила во Париз со нејзиниот прв сопруг, израелски војник, и почнала да студира психологија на Универзитетот во Сорбона.

Работела како воспитувачка во градинка за да го плати своето образование и како професорка на Универзитетот во Париз пред да се пресели во САД во 1956 година. Кога дошла во Менхетен, Вестхајмер ја насочила својата енергија на магистерска диплома по социологија, а потоа и докторирала по образование од Универзитетот Колумбија. Работела во „Планирано родителство“, а потоа во болницата Њујорк-Пресвитеријан, поминувајќи го своето време во едукација на другите за сексот.

Вестхајмер беше една од првите личности во етер која отворено зборуваше за сексот и сексуалното здравје, кажувајќи зборови како „еректилна дисфункција“, „вагина“ и „пенис“ во нејзините емисии. Во радио емисијата „Сексуално зборување“ од 1980-тите, њујорчани се јавија и побараа од Вестхајмер да им помогне да ги решат нивните сексуални загатки.

Без разлика на темата – стимулација на клиторисот, мастурбација или сексуална привлечност кон путер од кикирики – Вестхајмер секогаш одговараше сериозно, со препознатливиот спој на убедување и добра природа што ја направи позната како една од најдоверливите сексуални едукатори во Америка.

Нејзините емисии, исто така, ги предизвикаа табуата и стереотипите за задоволството во тоа време. Вестхајмер зборуваше за придобивките од женската мастурбација и разговараше за геј сексот, нешто што беше невидено во мејнстрим медиумите во тоа време.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *