Во индиската држава Мизорам почина Зиона Чана (76), кој имаше 39 сопруги, 94 деца, 33 внуци и еден правнук, пренесува Би – Би – Си.
Веста ја потврдил и главниот министер на Мизорам, кој на Твитер изјави сочувство до членовите на семејството.
Бројното семејство живее во четворокатница што е своевидна локална атракција, а која доаѓаат да ја посетат луѓе од целиот свет.
Чана е припадник на христијанска секта (со околу две илјади следбеници), која дозволува полигамија за мажите, а ја основал неговиот дедо во 1942 година.