Сутерен.мк

Почнува Берлинале

Во Берлин вечерва почнува 72-от Меѓународен филмски фестивал, а ќе трае до 16 февруари. За главните награди ќе се натпреваруваат 18 филмови!


Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Питер фон Кант“ на режисерот Франсоа Озон, со Изабел Аџани во главната улога. Покрај него, во трката за награди се и филмовите „Со љубов и одлучност“ на Французинката Клер Дени, со Жилиет Бинош во главната улога и „Сѐ ќе биде во ред“ на француско-камбоџанскиот режисер Рити Пан.

Жирито ќе го предводи американскиот режисер М. Најт Шајамалан. Фестивалот годинава ќе се одржува главно со физичко присуство на гостите.

Француската актерка Изабел Ипер ќе ја добие почесната „Златна мечка“ за животно дело. „Златната мечка“ лани ја освои романскиот филм „Трнлив хаос и евтино порно“ на режисерот Раду Жуде.

Берлинале е основан 1951 година, а од 1978-ма се организира во февруари секоја година. Фестивалот доделува „Златна мечка“ за најдобар филм, „Гран-при“ на жирито, како и „Сребрени мечки“ за најдобар режисер, актер, актерка, сценарио и филмска музика.

Во 2020 година, организаторите ја укинаа наградата „Алфред Бауер“ за режисери кои отвараат нови гледишта во кинематографијата, именувана по поранешниот директор на фестивалот, откако се откри дека тој бил поврзан со нацизмот во Германија.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *