Кан повторно оживува вечерва кога ќе почне 76. филмски фестивал со премиера на драмата од периодот на Луј Петнаесетти, „Жана де Бари“, со Џони Деп во главната улога.
Канскиот филмски фестивал е колосална екстраваганција, изложба на најдобриот светски филм, спектакуларен црвен тепих и кошница за случување договори на француската ривиера.
Свеченоста во вторник ќе опфати церемонија на отворање, каде што Мајкл Даглас треба да ја добие почесната „Златна палма“. Подоцна, иста таква чест ќе му биде укажана и на Харисон Форд, ѕвездата на „Индијана Џонс“. Ќе биде претставено и жирито, кое ќе одлучува за главната награда на фестивалот, престижната „Златна палма“.
Најголемите имиња во меѓународната филмска продукција ќе слетаат на француската ривиера за најпрестижниот филмски фестивал. Харисон Форд, Леонардо ди Каприо и Фиби Волер Бриџ ќе бидат меѓу ѕвездите што љубителите на филмот ќе може да ги видат.
Филмовите на Мартин Скорсезе, Вес Андерсон и Кен Лоуч премиерно ќе бидат прикажани на фестивалот, а фаворити се: „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“, „Жана де Бари“, „Град на астероиди“, „Стариот даб“, „Убијци на цветната месечина“.