Сутерен.мк

Прва селекција за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 41 роман, избирајќи 18 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат.

Избрани дела во првата селекција на конкурсот „Роман на годината“ за 2020 година:
1. „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или – Или“
2. „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“
3. „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“
4. „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“
5. „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“
6. „Витезот и византијката“, Кица Колбе, „Или-Или“
7. „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“
8. „Приказна за трите града“, Митко Маџунков, „Три“
9. „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
10. „Највисокото дно“, Марија Митева, „Полица“
11. „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“
12.„Лазарка“, Љупчо Петрески, „Арс Либрис“
13. „Боксерот од Ново маало“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“
14. „Курвински хроники“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
15. „Тито, мојот претпоследен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“
16. „Генералот и пеперугата“, Луан Старова, „МАНУ“
17.„Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“
18. „Случајот Чернобог“, Катерина Шошко, „Антолог“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *