Сутерен.мк

Прва трансплантација на црн дроб во Македонија од починат донор

На 25 ноември е изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија. 60-годишен пациент доби здрав орган од пациентка со мозочна смрт, чие семејство се согласи да ги донира органите.

„Пациентот е во добра состојба. Сакам повторно да изразам голема благодарност до комплетниот трансплантациски тим. Оперативниот зафат за екстрипација на црн дроб од дарителот ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Зоран Караџов и асс. д-р Ќемал Рушити, трансплантацијата ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Светозар Антовиќ и асс. д-р Љубомир Огненовиќ.

Подготовката и севкупната координација беа извршени од координаторите од Клиниката за гастроентерохепатологија доц. д-р Бети Тодоровска и науч. сор. Елена Цуракова Ристевска и националниот координатор за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова, кало и колегите од клиниките за неврохирургија, нефрологија, кардиологија, кардиохирургија, трансфузиологија, анестезија и интензивно лекување за огромниот успех со кој испишавме нова страница во македонското здравство.

Посебна благодарност и до семејството на донорот, кои и во најтешките моменти имаа сила, храброст и доблест со својата одлука да спасат човечки живот“, рече министерот д-р Беким Сали при денешната посета на пациентот со трансплантиран црн дроб на УК за дигестивна хирургија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *