Првата турска актерка робот наречена Ајпера ја доби и првата улога и веќе го потпиша договорот со продуцентот и сценаристот Бирол Гувен, пренесува агенцијата Анадолија.
Во соопштението на продуцентската куќа МинТ се вели дека новиот филм на Гувен „Дигитален човек“, за кој тој го напишал сценариото, вклучува и луѓе и роботи, а во кината се очекува наредната година.
Ајпера пак, изјави дека е многу возбудена поради договорот, а го коментираше и терминот „робот актерка“:
„Повеќе ми се допаѓа изразот ’дигитална актерка’. Како и да е, луѓето ќе се одлучат за оние зборови што повеќе им се допаѓаат, а јас немам проблем со тоа.“
Гувен од своја страна изјави и дека верува дека ќе дојде ден кога роботи ќе бидат и сценаристи и продуценти.