Фантастична сте! Кај ја собравте оваа отвореност и директност?
М.Н.
М.Н. дарлинг, таква сум од раѓање. Некои велат дека тоа е последица од траумата што сум била опкружена со жени со задници како хиени и вратови како желки, но јас мислам дека моите ѕидарски пракорени ми ја имаат земено мерката. Што значи, не се снебивам да ви ја испратам мојата жиро сметка…
****
Многу сум лута на Господ…
Госпожа
Госпожа дарлинг, блазе си ви што најдовте шалтер за жалби. Ако притоа го сретнете Семоќниот не го поздравувајте од мене. Само кажете му дека има некои работи што никогаш нема да му ги простам. Ако му се слоши притоа, не ве познавам…
****
Кој ве плаќа за вакви будалаштини?
А.Ј.
А.Ј. дарлинг, мислам дека е повеќе од очигледно дека пари веќе нема – ни за предавници, ни за приврзаници, а ни за платеници…
****
Мислам дека сте генијални!
Мирза
Мирза дарлинг тенкју ем, претенкју. Тоа не прави веќе двајца истомисленици …
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)