Сутерен.мк

Предбрачен секс

Мила и најмила јас наскоро ќе се мажам. Па ете вака, ќе ве молам најљубезно, да ми одговорите кои видови секс треба да ги пробам пред венчавката за да не морам отпосле да истражувам и да се каам, како за стореното така и за нестореното. Сигурна сум дека ќе имаш доволно разбирање за оваа моја љубопитност.

Биба

Биба дарлинг, просто се преќипувам од разбирање па еве вака, најљубезно ви го препорачувам следново: немојте да ја пропуштите приликата за див секс со сосема непознат човек, а летото е како создадено за тоа.

Митот за фантастичниот секс со физички „надарен“ маж морате сама да го раскринкате. Кога еднаш ќе ја почувствувате „величината“ и ќе ја споредите со останатите ваши партнери и пред се, емоции, ќе ви стане јасно во што всушност е поентата на оние „глупави движења“ во креветот.

Многу госпожи кои до грло запетлани шетаат по улици велат дека морало да се проба и анален секс. (Патем, сексолозите се се поблиску до вистинскиот одговор на прашањето „зошто толку мажите ги привлекува овој дел од телото“, кој произведува, па знаеме што…, но за тоа друг пат.) Мислам дека за таква работа сепак, ви е потребен малку поцврст желудник, но, ако се решите за ваква работа одберете некој на кого му верувате и кој е нежен во креветот.

Жените сакаат да им угодуваат на мажите, но за промена покажете иницијатива. Бидете доминантна во креветот и не се плашете да употребите и некоја „играчка“.

Секако, во арсеналот на предбрачно искуство задолжителна ставка е и секс со многу помлад тип, како и секс со доста постар господин. Купете дузина кондоми и пуштете се во авантури.

После ова, гарантирам дека ќе бидете идеална сопруга. Со чиста совест ќе можете да ги озборувате сите ваши пријателки кои имаат швалери или од сексуални инхибиции се згужвале како згазнати печурки. Раат невиден…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *