Сутерен.мк

Предолго поминато време на „X“ создава депресија и анксиозност

Неврологот Рејчел Самерс редовно споделува совети и трикови за подобрување на менталното здравје на ТикТок. Таа неодамна откри дека не треба да поминуваме повеќе од 30 минути дневно на социјалните мрежи.

„Прекумерната употреба на Инстаграм, ТикТок и може да биде виновник за депресија и анксиозност“, рече таа.

Во видеото таа зборува за студија која покажала дека трошењето до 30 минути дневно на социјалните мрежи го намалува ризикот од осаменост, депресија и анксиозност.

„Ако спиете лошо или страдате од мозочна магла, најверојатно поминувате премногу време на социјалните мрежи. Други симптоми на прекумерна употреба на социјалните мрежи вклучуваат анксиозност, депресија, осаменост, стрес, насолзени очи и главоболки“, истакна таа.

„Ако имате некој од овие симптоми, намалете ја употребата на социјалните мрежи за 20 проценти“, советува Самерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *