Сутерен.мк

Премногу гладни, премногу богати и себични!

Повеќе од 811 милиони луѓе не можат да си дозволат здрава и редовна исхрана, а богатиот свет годишно фрла околу 88 милиони тони храна!


Светскиот ден на храната се слави секој 16 октомври од 1979 година, кога е воспоставен. На овој ден, повеќе од 150 земји се обединуваат во единствена борба за подигање на свеста за проблемите на сиромаштијата и гладот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и оваа година организира активности за да го привлече вниманието на јавноста кон проблемите во системите за храна, но и да им овозможи на сите да се приклучат во решавањето на проблемот.

Секој може да стане „Херој на храната“ и да учествува на конкурсот за најдобра фотографија што илустрира едно од четирите можни подобрувања: подобра продукција, подобра исхрана, подобра средина или подобар живот во руралните области. Натпреварот за Светскиот ден на храната ги повикува сите да ја користат моќта на фотографијата и да ја покажат моменталната состојба на нашите системи за храна или да презентираат идеи за подобрување на системот во иднина. Крајниот рок за поднесување фотографии е 24 октомври 2021 година, на полноќ.

За повеќе, кликнете овде…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *