Сутерен.мк

Препознајте го мозочниот удар на време!

Една од главните болести која може да доведе до мозочен удар е атеросклерозата, а можноста за нејзина појава се зголемува со возраста. Постојат и други фактори на ризик како што се пушење тутунски производи, седечки начин на живот, лоша исхрана, прекумерна употреба на алкохол, хипертензија, дебелина, генетски предиспозиции и одредени психолошки фактори.

Има сѐ повеќе докази дека инфекцијата со коронавирус го зголемува ризикот од мозочен удар. Ова е случај и со младите или оние кои инаку не се изложени на ризик. Затоа, многу е важно на време да се препознаат симптомите и веднаш да се побара стручна помош и никако да не се останува дома.

5 најчести симптоми
-Ненадејна вкочанетост, слабост или губење на раката, ногата или лицето; особено зафаќање само на едната страна од телото.
-Ненадејни проблеми со говорот: тешкотии во говорот, разбирањето или губењето на говорот.
-Ненадејни визуелни нарушувања: заматување или губење на видот.
-Ненадејни нарушувања на одењето, вртоглавица, губење на рамнотежа.
-Ненадејна силна главоболка која може да биде придружена со гадење и повраќање.

Команди кои ќе помогнат за препознавање

1. Насмеј се! (Ако лицето не може да ги подигне двата агли на усните – нешто не е во ред.)

2. Кажи нешто! (Чуден или неразбирлив говор, повторување на зборови или фрази – нешто не е во ред.)

3. Крени ги рацете! (Ако едната рака е слаба и „падне“ – нешто не е во ред.)

4. Исплази го јазикот! (Ако јазикот е „искривен“, ако оди на едната или на другата страна – дефинитивно, нешто не е во ред.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *