Во Ресен во тек е традиционалниот, 22-ри по ред ,,Преспански Јаболкобер”.
Првата вечер од ,,Преспанскиот Јаболкобер” помина во одлична и забавна атмосфера за која се погрижија локалните музички звезди и бендови како ,,Екстраваганза”, ,,Инстикт”, ,,Пуш Пауза”, ,, Ние Запирка Другарите”,
Ташко Каранфиловски и ,,Астра Бенд“, Живе Мешуревски и група ,,Кода” и ,,Персиди”, а на вториот ден од Фестивалот настапија и Ламбе Алабаковски, Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд и Диџеј Љубиша.
На ,,Преспански Јаболкобер,” се одржа и поетската манифестација за деца – ,,Детски Поетски Гласови”.