Сутерен.мк

Преспа во срцето

Триесеттина дела со мотиви од Преспа на ликовниот уметник Кирил Јоновски, изложени се во домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.


Изложбата со наслов „Преспа во срцето“ е постхумно поставена, во чест на преспанскиот уметник Јоновски, кој, иако подолго време живеел во Скопје, неговото творештво било насочено кон родното место.

На отворањето, меѓу другите, присуствуваа градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, директорот на Домот на културата Васко Василевски и членови на семејството Јоновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *