Сутерен.мк

Принуден топлес

Драга Дарлинг, редовно те читам и мислам дека можеш да ми дадеш совет за ситуацијата во која се наоѓам. Со мојот партнер бевме на одмор неколку дена веднаШ по вакцинирањет во Грција на краците. Постојано шетавме и посетувавме диви плажи без многу луѓе. Токму на овие плажи мојот партнер инсистираше да се сончам топлес.

Мене ич не ми е пријатно дури и од сама себе, мислам дека сум дебела и дека градите ми се опаднати, а тој е упорен. Кон крајот на јули повторно ќе одиме на одмор, а јас сериозно не знам како да му објаснам дека не ми е удобно. Засега му објаснувам дека не е здраво сонцето, а тој не прифаќа, под чадор вели да седам ама него очите да му биле полни.

Твоја Светле

Светле дарлинг, одговоров би можел да се сведе во две реченици па и покусо: навистина, зошто да правите нешто што вам не ви е пријатно само за да задоволите нечии себични импулси!?

За топлесот се зборува(ше) многу. Од тоа дека, жената може да си ги покаже градите само, ако е во добра физичка кондиција до тоа што ваквите забрани се всушност, ограничување на себеизразувањето!? За топлес е сеедно дали вашите атрибути изгледаат вака или онака зашто чиј тоа вкус ќе го прогласиме за мерило за количината на правата што некој ќе ги има!?

Имате слобода да се сончате како сакате, но може и некој да ви пријде и ви рече дека таквата панорама ги навредува неговите морални начела. За илустрација, Шпанците не им дозволуваа на жените до 1990 година да се сончаат во бикини, а Американците толерираат топлес, но само, ако жената лежи на стомак!? Штом се исправи, ја апсат. Ахам…

Велат дека без горниот дел од костимот за капење најлесно се ослободуваат жените после триесеттата година, ретко помладите. (Младите во принцип имаат поприлично комплекси… )

Малку ме чуди вашето момче: мора да се признае дека станува збор за редок изданок од овие простори. Зашто, дури 56 отсто од Британците се изјасниле дека не сакаат нивните партнерки да ги изложуваат градите на јавни погледи на плажа, а вашиов Балканец излегува понапреден и од илјадагодишната европска демократија.

Вие сте во право – кожата на градите е мошне почувствителна од онаа на другите регии особено, таа на брадавиците, ареолите така што, ако веќе му удоволувате на дечко ви, прописно заштитете ги местата што инаку се покажуваат само меѓу четири ѕидови. Дури и кога сте под чадор.

Уште поважно, топлес е препорачливо само на нудистичка плажа. Не е битен бројот на публиката туку на нивното ниво на толеранција на туѓиот егзибиционизам.

Најважно, доколку вам ви е непријатно, нема ниту една причина да направите нешто само заради ќејфот на некој друг. Особено не, нешто што засега толку многу во интимноста…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *