Сутерен.мк

Принцот Хари се вработи!

Британскиот принц Хари ќе стане портпарол на компанијата за животен тренинг (?!) и ментално здравје BetterUp Inc., соопшти вчера Вол Стрит Џурнал.

Обврските на Хари ќе бидат иницијативи за доделување на доброволни прилози и дека јавно ќе зборува за теми поврзани со менталното здравје. Сепак, компанијата до денеска не даде никаква изјава за ова.

На почетокот на месецов ТВ интервјуто на Опра Винфри со внукот на кралицата Елизабета и неговата сопруга, ја доведе британската монархија на жесток удар на јавноста, еднаков на оној во 1997 година, кога загина принцезата Дијана, мајката на Хари и неговиот брат Вилијам.

Хари (36) и Меган Маркл (39) уште во јануари минатата година објавија дека ги напуштаат кралските должности и дека ќе почнат нов живот преку Атлантикот.

Минатиот месец пак (пред фамозното интервју), Бакингемската палата објави дека бидејќи брачната двојка се повлекува од обвбрските што како високи аристократи ги имаат, ги губат и привилегиите т.е. покровителството од британското кралско семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *