Причината за смртта на најголемиот број млади во кочанската трагедија

Институтот за судска медицина денеска излезе со извештај во врска со обдукцијата на 59-те жртви од трагедијата во дискотеката во Кочани. Директорот Александар Станков изјави дека причина за смртта на настраданите е гушење од гас јаглерод моноксид, кој бил испуштен од палењето на материјалот од објектот.

Станков рече дека при обдукцијата кај три жртви биле констатирани скршеници на ребрата кои биле предизвикани од толпата при обидот да ја напуштат дискотеката.

Паралелно со обдукцијата, Институтот изврши и идентификација на жртвите, покрај методите и документите за препознавање, со ДНК тестирање и дактилографска или верификација со отпечатоци.

Во текот на идниот период, судска медицина ќе продолжи да врши токсиколошки анализи, со цел да се утврдат сите супстанци во крвта на настраданите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *