Сутерен.мк

Причини за нарушено помнење

Намаленото/нарушено помнење е една од главните последици на дигиталната деменција – новата болест на нашето време. Под овој поим лекарите подразбираат влошување на менталните способности на личноста поради секојдневната употреба на апарати,што е исто попратено со потешкотии и перцепирање на информации и недостаток на критичко размислување.

Електронските направи не спасуваат од претерана ментална активност и тоа ни го поедноставува животот, но недостатокот на работа на мозокот доведува до постепено уништување на невронските врски, што значи значително забавување на процесите што се одвиваат во мозокот.

Освен влијанието на преголемата употреба на електронските апарати врз функционирањето на мозокот и меморијата влијаат и некои навики…

Недоволно сон

Сонот е многу битен за одржувањето на меморијата и кога е недоволен доаѓа до преоптеретување на мемориските кругови и се влошува способноста на мозокот да ги перципира и асимилира информациите.

Премногу информации

Премногу достапни содржини е сеиозен стрес за мозокот, што доведува до фрагментирано мислење, лишен од критилност. Преоптеретеноста со информации доведува до проблеми со помнењето, концентрацијата и носењето одлуки.

Неправилна исхрана

Лошите навики во исхраната влијаат на функционирањето на хипокампусот, делот од мозокот што е одговорен за меморијата.

Пасивен стил на живот

Долгото седење односно, држењето на телото често во иста положба го намалува дотокот на крв во мозокот и го ограничува оној на кислородот и хранливите материи за негово нормално функционирање. Недостатокот на физичка активност може да доведе и до Алцхајмерова болест.

Мултитаскинг

Освен што ја затапува нашата креативност и размислувањето вон рамката, работењето на неколку нешта истовремено и решавање на повеќе проблеми заедно е многу штетно за кардиоваскуларниот систем и емоционалната состојба.

Совет

Покрај менувањето на животните навики, од основна важност е и повремената дигитална детоксикација. Доколку не можете да се одвоите од паметниот телефон/лап-топ неколку дена барем, одвојте се од него неколку часа во текот на еден ден.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *