Вештачењето на крим-техника утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица на прегревање на кабел на дефибрилатор, по што се запалил продолжениот кабел на кој биле приклучени дефибрилаторот, полнач за мобилен и уште еден апарат, соопшти Јавното обвинителство!
Во пожарот во ковид-болницата на 8 септември загинаа 14 лица.
„Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот“, се вели во соопштението.
Од обвинителството велат дека ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази и се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Германија.
Повеќе на СДК…