Делото на британскиот уметник Саша Џефри, продадено е на аукција за околу 52 милиони евра, а парите ќе бидат донирани на хуманитарните организации за деца.
Џефри поминал осум месеци сликајќи го платното од 1 600 квадрати во напуштена сала за танцување во Дубаи, пренесува Би – Би – Си.
Уметникот планирал да ја продаде на 70 делови, но францускиот бизнисмен Андре Абдон го купи целото дело.
Џефри изјави дека целиот износ ќе го даде на организациите Дубаи Керс, Унеско и Фондацијата Глобал гифт за помош на децата кои се во незавидна положба во земјите како Бразил, Индија, Индонезија и Јужна Африка.
Сликата „Патувањето на човештвото“ е продадена во понеделникот, во Дубаи и е една од најскапите дела од жив автор.