Сутерен.мк

Производство на срца за пресадување!

Германски научници годинава планираат да клонираат, а потоа да одгледуваат генетски модифицирани свињи кои ќе бидат донори на срце за луѓето. Веста доаѓа откако срце од генетска модифицирана свиња му беше пресадено на човек во САД минатиот месец!

Свињите ќе бидат модифицирани од вид свиња од островите Окленд.

Научниците планираат да им направат 5 модификации на свињите, а со помош на технологија за клонирање за да создадат животни од кои подоцна ќе се размножуваат генски идентични потомци.
Првата генерација треба да се роди уште оваа година, а нивните срца ќе бидат тестирани на бабуни пред да се бара одобрување за експерименти со луѓе за две или три години
Поддржувачите на методот велат дека ова може да им помогне на луѓето што немаат друга опција за третирање на срцевите болести, додека критичарите велат дека технологијата ги крши животинските права и ги деградира свињите на статус на фабрики за органи, а мајмуните умираат во агонија при експериментите.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *