Сутерен.мк

Промоција на Системот за рано предупредување за исчезнати деца

Во организација на Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, денеска ќе се одржи завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца – najdime.org.mk. Веб-страницата ќе биде на три јазици – македонски, албански и ромски, а ќе фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи.

-Системот за рано предупредување ќе споделува информации за исчезнатите по претходна потврда на пријавата во МВР, по што ќе се дистрибуираат преку каналите за комуникација на партнерите, бизнисите со кои е остварена соработка: банкомати на банки, дигитални дисплеи во јавниот сообраќаен превоз, комуникациски канали на групацијата за такси превоз, хотелските услуги…, посочуваат од Новинари за човекови права.

Следејќи ги искуствата од другите земји кои имаат системи за предупредување за исчезнати деца и потпирајќи се на австрискиот пример – „Австрија ве наоѓа“, Новинари за човекови права и во соработка и под проектен менаџмент на ЕЦПАТ Австрија, го спроведува проектот во Македонија со експертска поддршка од земјава и ЕУ и ангажирање и вмрежување на повеќе чинители: јавен и приватен сектор, граѓански организации, медиуми.

Проектот, чија главна цел е да се подобрат постоечките пристапи и да се изнајдат нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите преку размена на искуства и стекнување нови знаења, се спроведува во периодот од 1 јули 2021 година до 31 декември 2023 година, со финансиска поддршка од австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *