Белгиската полиција пронајде украдени слики од шпанскиот уметник Пабло Пикасо и францускиот уметник Марк Шагал во подрумот на една куќа во Антверпен, известија локалните власти, кои потенцираа дека уметничките дела сѐ уште се во добра состојба.
Сликите „Глава“ на Пикасо и „Човекот кој се моли“ на Шагал, вредни 900.000 долари, беа украдени од колекционер на уметнички дела во Тел Авив, Израел, во 2010 година.
Во моментот на кражбата бил украден и накит вреден 680.000 долари, но биле пронајдени само сликите.
Локалната полиција ја започна истрагата кога извор ги информирал дека белгиски државјанин ги нуди двете уметнички дела на продажба. Локалниот обвинител изјави дека главниот осомничен е уапсен.