Научници од Нов Зеланд пронашле ретко младенче „дух ајкула“, малку познат вид риба која живее во длабочините на океаните. „Дух ајкула“ ретко се забележува, а средбата со младенчето е уште поретка појава!
Научниците велат дека ова откритие ги појаснува анализите за најмладиот стадиум на овој вид. Рибата ја пронашле случајно додека ја истражувале подводната популација.
Длабоководните видови тешко е да се пронајдат, особено оние како „дух ајкулата“ и се прилично мистериозни.
„Дух ајкулата“ не е вистинска ајкула, туку вид риба која е блиско поврзана со ајкулите и ражите.