Во Лондон денеска се одржа крунисувањето на кралот Чарлс Трети, но и протести против британскиот монарх
Дел од демонстрантите носеа жолти маици за да се разликуваат од оние кои беа облечени во црвено, бело и сино, држеа транспаренти на кои пишуваше „Тој не е мој крал“, пееја песни со текстот „тој е само обичен човек“, свиреа и скандираа.

Полицијата соопшти дека уапсила четири лица поради сомнение дека ја вознемирувале јавноста и три лица под сомнение дека поседуваат предмети што „ќе предизвикаат штета“. Наводно, како што пишуваат британските медиуми, приведен е и главниот организатор на протестот.