Има речник. Дури и на македонски. Секој збор е објаснет. (Или барем, повеќето. Тоа е, криза.) Отворете го. Не боли. Боли на пример, ако Бугарија или Србија ни го направи истото…
Агресор. Путин е агресор. А ние сме небитни. Тотално.
Тоа е крајот на приказната. Почетокот е дека Владимир Путин е мегаломан. Здраворазумен мегаломан. Со таквите, не оди ни мазно, ни лесно, ни брзо.
На власт е од 2000 година. Најдолго е во комплексот Кремљ, после Сталин. Руската вакцина против коронавирусот се вика Спутник V. Исто како и советската сонда/првиот вештачки сателит во светот од 1957 година.
Путин, распаѓањето на Советскиот сојуз го нарече како најголема геополитичка катастрофа на 20-от век.
Ужива во својот мачо имиџ.
Околу педесет отсто од Русите, би сакале тој да остане перетседател и после 2024-тата. Главно, тие пред и во пензија.
Општиот светски впечаток е дека тој ја одржа Русија релативно стабилна после посткомунистичкиот хаос. Ја врати националната гордост на сцената. И дозволи на средната класа да се издигне.
Селата тонат во сиромаштија со децении.
„Доколку тепачката е неизбежна, мора да удрите прв“, рече еднаш Путин.
Баеги личниот конфликт со грузискиот претседател Михаил Сакашвили ги објасни идните негови планови со про-западните лидери од поранешниот Советски сојуз.
Сите се во заговор против Владимир Путин?
Не се сеќавам дека некаде сум прочитала, слушнала, Русија да ни помогнала некогаш како на држава. Со лобирање. Со меѓународна поддршка. За било што.
Не сум слушнала ни дека нешто слично им се случило на други земји. Поддршка. Од Русија. Апла.
Меѓутоа, доволно сум прочитала дека Москва не жали никого. Најмалку, своите.
Отворете било која книга од руски автор и убедете ме во спротивното.
Ние сме небитни. Скроз.
Американците се битни. Ни се допаѓало нам, на групата „уморни од животот“ или не. Битен е и Бил Гејтс.
Можеби не го повика Путин, како Илон Маск на борба „еден на еден“, но се огласи човекот. А, не мораше.
Знаете колку милијардери има на светов?
2 700.
Кого знаеме по име од нив?
Оние кои имаат фондации, кои ги храбрат и другите милијардери да се одречат од дел од богатството за да превенираат болести и да ја ублажат сиромашијата во светот. Да вратат на заедницата барем малку, од тоа што заработиле врз истата.
Другите си траат и праат.
Колкумина од македонските милионери познаваме?
Сите.
По колкумина плукаме?
Само по тие што во моментот се во опозиција.
А другите? Што секогаш се „ни мои – ни твои“, а исто како и останатите/определени партиски, се збогатиле на грбот на народот?
Познавате нечија жена од посочените што рекла:
„Ја препознавам апсурдноста на големото количество на богатство што е во рацете на една личност и верувам дека подарувањето, што попромислено и поефектно е единствената одговорна работа што некој треба да го направи со богатството од тие размери“.
Нит знаете, нит сте чуле. Бидејќи не постои. Ова го кажа Мелинда Френч Гејтс. Не Зоре, Бети, Бранка, Славче… Вториве се сликаат во Бигорски. А и немаат време за сенародни секирации меѓу две тапирања.
Фондацијата на Гејтсови вложила над педесет милијарди долари во различни програми, во 135 земји.
Каде и во колку села/програми и која сума ја вложија македонските милјардери? Штама.
Најлесно е чувството на бес, немоќ, огорченост, да го истуриш врз некој далеку…
Водиме војна против Бил Гејтс преку неговиот софтвер, голтајќи прескапи апчиња од македонско производство, препишани од матични лекари, кои наплаќаат на црно се што може да се грабне од очајник?! Покрај грабнатото од очајната држва.
Не навивам за никого, но мора да се каже дека антиваксерските, десничарските и националистичките изблици се најблаго речено, незрели и непромислени крици.
И, им одат во прилог само на богаташите кои си ќутат и си бркаат злоупотреби. Дома и во странство.
Е сега, замислете (иако, не верувам дека ќе) како би изгледал светот кога и овие десеттина светски филантропи би се откажале од својата добротворност?
Не бива, нели? Прогуглајте, има се на нет…
Тоа што донираат, не ги спречува да заработуваат, но не мора да донираат, секако.
Десет луѓе моментно, располагаат со мнозинството богатство на планетава. Не диверзирајте со издвојување на еден главен негативец.
Не ни е виновен Путин.
Не ни е виновен Бил Гејтс.
Нит Амриканци, нит Руси.
Криви сме ние, што со лопати и вили не прозвавме ниеден од тоа шиљокураните, за триесет години дрзок грабеж на намачениот, излажан, понижен, навреден, опљачкан човек.
Најдлабоко сочувство до Украинците.