Сутерен.мк

Путин бил и таксист!

Владимир Путин откри дека бил приватен шофер за да врзе крај со крај по распадот на СССР.
Неговите зборови се од документарец на телевизискиот Канал 1 – „Русија. Понова историја“!

Рускиот претседател откри дека повремено работел како таксист за да ги зголеми своите приходи:

„Понекогаш морав да заработам дополнителни пари. Дополнително заработував со автомобил, како приватен возач. Непријатно е да се зборува за тоа, да бидам искрен, но за жал така беше“.

Крајот на СССР донесе со себе период на интензивна економска нестабилност што турна многумина во сиромаштија додека новата независна Русија преминуваше од комунизам во капитализам.

Путин, поранешен агент на советските безбедносни служби КГБ, кој жали за распадот на СССР, рече дека распадот пред три децении се уште е трагедија за повеќето граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *