Да ги вознемирувате другите гости
Нормално, сите сакаат да се опуштат кога одат во ресторан и да разговараат со луѓето кои се со нив.
Ова е потполно прифатливо, но не заборавајте дека не сте само вие во ресторанот.
Ако зборувате многу гласно и ако правите врева повеќе од сите, секако дека ќе им пречите на другите гости.
Притоа, ако имате деца, внимавајте на нивното однесување – не им дозволувајте да трчаат низ ресторанот и да ги вознемируваат другите гости.
Да се однесувате супериорно кон келнерите
Не залудно велат дека најлесно ќе процените дали некој е добра личност според тоа како ги третира келнерите.
Никогаш немојте да се однесувате супериорно кон нив, да ги навредувате, да им зборувате со презир или потсмев или да го „истурате“ гневот врз нив.
Точно е дека тие се овде да ве услужат, но ова не значи дека се инфериорни во однос на вас.
Покажувајте им почит како и на секој друг.
Нормано, некогаш се случува да направат пропуст како и секој човек, но и во ваквите ситуации останете смирени и покажете почит.
Да носите храна од надвор
Дури и ако никој не ви рече ништо, навистина е неучтиво да си донесете храна или пијалак од надвор кога седнувате во ресторан.
Во ред е ако со себе имате шише вода или нешто слично, но немојте да почнувате да јадете и да пиете нешто донесено од надвор.
Да одите во ресторан пред затворање
Ако ресторанот е пред затворање, тоа значи дека кујната е исчистена и вработените се подготвуваат да си одат дома.
Доколку сакате да нарачате нешто пред затворање, вработените ќе треба одново да валкаат сè и после да останат долго откако ќе им заврши смената за повторно да исчистат.
Поради ова повеќето ресторани ги затвораат кујните и повеќе од половина час пред крајот на работното време.
Но, дури и ова да не е случај, почитувајте го работното време и не барајте да бидете услужени кога ресторанот е 10 минути пред затворање.
Да се жалите за цените
Денес лесно можете да ги проверите цените во ресторан – скоро сите имаат мени онлајн.
Ако ресторанот ви делува скапо, не мора да одите таму.
Точно е дека денес се поскапени многу работи, вклучувајќи го и јадењето во ресторан. Но, ако му се жалите на келнерот за цените, само ќе создадете непријатна ситуација.
Келнерите и вработените во ресторанот не ги одредуваат цените и нема потреба да ги коментирате со нив.
Да им помагате на келнерите со чиниите
Келнерите се способни самите да ви ја донесат храната и нема потреба да им помагате.
Но, ако забележите дека келнерот тешко се справува, тогаш прво прашајте дали треба помош.
Да кажувате невкусни шеги
Кога сте во добро друштво, нормално дека ќе споделите и некоја шега.
Но, немојте да кажувате невкусни, навредливи и вулгарни шеги во ресторан каде што ве слушаат и други луѓе.
Веројатно никој нема да ви рече ништо, но зошто да им го расипувате уживањето на другите гости?
Да оставите огромен неред
Секако, не се очекува од вас да ја исчистите масата, но не мора ни да правите огромен неред во ресторанот.
Ако, на пример, ви се истри малку кечап на масата, не губите ништо ако сами го избришете со салфета.
Нормално, ако се истури нешто поголемо, тогаш е сосема нормално да го замолите келнерот да ви помогне. Притоа, добро би било и да се извините за нередот.
Да очекувате ресторанот да ги исполнува сите ваши барања за храната
Ако не јадете месо или сте веган, немојте да им се жалите на келнерите ако нема многу опции за вас. Ова е нешто што треба да го проверите однапред.
Ако знаете дека во ресторан се служи главно храна со месо, навистина не можете да очекувате за вас да додадат ново јадење во менито.
Во повеќето ресторани секако дека ќе ви понудат нешто соодветно за вашите потреби, како салата, печурки, компир и слично.
Ова веројатно нема да се споредува со храната која нуди вегански и вегетаријански ресторан, но тоа е нешто што треба да го очекувате.
Ова важи и ако имате други преференции во врска со вашата исхрана.
Да се подавате преку маса за да земете нешто
Ако ви треба нешто од другиот крај на масата, немојте да се подавате преку чиниите на сите кои се со вас.
Туку, учтиво замолете некој да ви го подаде тоа што ви треба.