Работниците заслужуваат минимална плата од петстотини евра

Минимална плата од 500 евра за достоинствен живот се прифатливи за Конфедерацијата на синдикални организации.

Сметаат дека работниците заслужуваат да добијат повисоки плати но дека за тоа треба да се разговара на Економско социјалниот Совет.

Потенцираат и дека треба да се отвори и прашањето за недела неработен ден. Синдикалците сметаат дека трудот на работниците заслужува да биде платен со повисок минималец.

За бизнис секторот предлогот од 500 евра е прифатлив но под услов придонесите да останат исти како што се сега за моменталната минимална плата. Компаниите се подготвени на ваков чекор само ако за тоа се постигне заеднички консензус, бидејќи сметаат дека доколку се зголеми минималната плата ќе им се зголемат и давачките за придонесите.

Работодавачите и работниците треба да се усогласат за минималната плата вака претходно се изјасни премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ако се гледа од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има Буџетот. Мицкоски рече и дека тоа што ќе се договорат работниците и работодавачите тие како Влада ќе го прифатат.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека има пари за раст на платите, вклучително и на минималната плата за која тие бараат да порасне на 450 евра. Законсокото зголемување на минималната плата треба да се случи во март кога таа ќе се зголеми од сегашните 22.567 денари на 24.400 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *