Неодамнешните истражувања покажаа дека наспроти досегашното мислење, кафето и чајот во умерени количини не не дехидрираат! Всушност, иако филџан кафе не е хидратантен како чаша вода сепак, може да се смета како внес на течности – колку половина чаша вода!
Основните знаци на дехидрираност остануваат исти: суви, испукани усни, но тоа тешко дека ќе се случи со само конзумирање на чај или кафе, пишува Mind Body Green.
Всушност, најдобрата хидратација ја дава млекото: пред и после вежбање. Секогаш, што би се рекло.