Сутерен.мк

Ракописите не горат!

  • Следи ме читателу. Кој ти рекол дека не постои вистинска, вечна љубов? Тој лажливец ќе го пријавам да му го исечат јазикот! Следи ме читателу и само јас ќе ти ја покажам таквата љубов.
  • Да, човекот е смртен, ама не е во тоа целата белја. Лошо е тоа што понекогаш тој е одненадеж смртен. Ете, во тоа е трикот! И што никако не може да каже што ќе прави вечерва.
  • Ракописите не горат.
  • Единствената причина што нема да се откажам од нештата што ме прават тажен е таа што тие истовремено ме прават и среќен.
  • Разберете, јазикот може да ја сокрие вистината, но очите никогаш.

  • „Дали е ова водка?“, снеможено праша Маргарита.
    Мачорот навреден потскокна на столицата.
    „Ама ќе ве молам, кралице“, подмолно рече тој, “зарем ќе си дозволам себеси на дама да и понудам водка? Ова е чист алкохол!“
  • Се ќе биде добро на крајот. Светот е изграден врз тоа.
  • Оној кој сака треба да ја подели судбината на оној кого го сака.
  • Да, секоја власт претставува насилство над луѓето.
  • Никогаш и за ништо немојте да молите! Особено не оние кои се посилни од вас. Самите ќе ви понудат и самите се ќе ви дадат. Седнете, горда жено!

  • За право, дури и меѓу интелектуалците, понекогаш може да се најдат и запознаат навистина исклучително паметни и интелигентни луѓе.
  • Зошто да се оди по стапките на она што веќе е завршено?
  • Кој може да каже нешто во одбрана на зависта? Навистина тоа е чувство од најнизок можен вид.
  • Јас навистина не сум склон да им се приближувам на луѓето, имам навистина ѓаволска одлика: тешко дека можам да се дружам со некого, недоверлив сум, сомнителен.
  • Луѓето како луѓе … Тие сакаат пари, но отсекогаш биле такви … Човештвото ги сака парите, без оглед од што се направени, кожа, хартија, бронза или злато.
  • Скриената надеж дека ќе успее да ја врати својата среќа каде и да одеше, ја направи бестрашна.

Цитатите се од романот „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков, кој е роден на 15 мај 1891 година во Киев, Украина, а починал на 10 март 1940 година во Москва, Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *