Европскиот шампион Реал Мадрид донираше сума од еден милион евра за настраданите од поплавите во Шпанија.
Во провинцијата Валенсија во југоисточна Шпанија, обилните дождови и бурата Дана предизвикаа големи поплави. Според последните податоци загинале најмалку 95 лица. Некои области на Валенсија беа отсечени поради поплавени патишта, имаше прекини во струјата и комуникациите, а уништени се и мостови.
Шпанска фудбалска федерација објави одложување на 5 натпревари во Ла Лига и Сегунда, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој требаше да се одигра на „Местаља“ на втори ноември.
Во средата шпанската влада прогласи тридневна жалост за жртвите од поплавите.
Поплавите предизвикаа и големи прекини во железничкиот и воздушниот сообраќај низ јужниот и источниот дел на Шпанија, пренесува Танјуг.