- Мојот главен сведок дека ја зборувам вистината е мојата сиромаштија.
Сократ, грчки филозоф (469 – 399 г.п.н.е.)
- Додај неколку капки отров на полувистината и ќе добиеш апсолутна вистина.
Ерик Хофер, американски филозоф и работник на пристаниште (1902 – 1983)
- Вистината понекогаш може да излезе и од устата на Ѓаволот.
Томас Фулер, англиски свештеник и писател (1608 – 1661)
- Вистината е поголем странец отколку фантазијата.
Марк Твен, американски книжевник (1835 – 1910)
- Од денот кога една вистина ќе победи, неа толку ја преувеличуваат што таа станува лага.
Бенџамин Дизраели, англиски државник (1804 – 1881)
- Луѓето не ја бараат вистината, тие само сакаат да не се видат лагите.
Иља Еренбург, руски книжевник (1891 – 1967)