Сутерен.мк

Ремек дела пронајдени во ѓубре?!

На одморалиште на патот А7, во близина на Нирнберг на југот на Германија во контејнерите на паркингот, маж пронашол две слики стари 350 години!

Човекот што ги пронашол двете масла на платно ги однел во полицијата во Келн, а властите веднаш почнале со утврдување на нивната оригиналност.

Првите проценки укажуваат дека едната е најверојатно на Самјуел ван Хугстратен, холандски сликар од 17 век и ученик на Рембрант, а другата, дело на италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот период.

Истрага има и за тоа како се нашле уметничките дела меѓу ѓубрето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *