Домот ми е постојано нечист. Имам две деца и сопруг. Како да ги натерам да бидат попедантни?
Смилја
Смилја дарлинг, еден ден децата ќе пораснат, домот ќе биде блескаво чист, а вие ќе сте бескрајно осамена…
****
Многу ми се допаѓа, забавен е, духовит. Ептен духовит и тоа ми создава стравопочит, дури.
СМС
СМС, дарлинг, духовитоста е дрскост која стекнала образование…
****
Поминаа и овие празници, а мене уште ме мачи носталгија по него. Поминаа пет години?
Маја, 35, Ск
Маја дарлинг, носталгијата е трик на духовите од минатото. Во суштина, тоа е жал за едно исчезнато време и за едно исчезнато „јас“ во него…
****
Навидум имам се, ама чувствувам една огромна празнина во себе. Што ми фали?
Вера
Вера дарлинг, исто што и останатиот свет: љубов, прифаќање, враќање на вложеното…
****
Има прекрасно тело. Го сакам ли?
ББ
ББ дарлинг, кога ќе ги олабавите стомачните мускули, можеби ќе ви проработат мозочните…
****
Немам време за ништо.
НН
НН дарлинг, јас толку немам време, што немам време ни некој друг да губи време со мене…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)