Роберт Редфорд…

„Роберт Редфорд почина на 16-ти септември 2015-та, во неговиот дом – местото што го сакаше, опркужен со неговите сакани. Многу ќе ни недостасува. Семејството бара приватност“, гласи официјалното соопштение

Роден во округот Лос Анџелес, тој почнал да се појавува на сцената кон крајот на 1950-тите, пред да започне телевизиска кариера во 1960 година и да го има своето филмско деби во филмот „Воен лов“.
„Буч Касиди и Санденс Кид“, „Осило“, „Мојата Африка“, „Непристоен предлог“…

Чарлс Роберт Редфорд помладиот, зад себе остави богата кариера во која одбиваше да прифаќа површен холивудски пристап кон филмовите и инсистираше тие да носат културолошка и социјална тежина. Често беше промовиран како секс-симбол, неговиот шарм и изглед го направија еден од најпосакуваните актери на своето време, но остави да старее природно, без козметики и операции. Последен пат како актер се појави во „Авенџерс: ендгејм“.

Во четириесеттите години од животот премина во режисери и веднаш постигна успех со „Обични луѓе“ (1980), филм кој освои четири Оскари, меѓу кои и за најдобар филм и за најдобра режија. Иако имаше и неуспеси, како „Војната за полињата грав во Милагро“ (1988), тој остана упорен во својата заложба за сериозни теми и подоцна режираше признати остварувања како „Една река минува од тука“ (1992) и „Квиз“ (1994).

Најголемо културно наследство сепак остави како основач на Санденс институтот (1981) и Санденс филмскиот фестивал, кој под негово водство прерасна во најважна платформа за независни автори во САД. Многу познати режисери, како Квентин Тарантино и Стивен Содерберг, своите кариери ги започнаа токму таму.

Редфорд беше и силен еколошки застапник. Со децении учествуваше во кампањи за заштита на природата, се спротивставуваше на штетни проекти и беше долгогодишен член на Советот за одбрана на природните ресурси.

Личниот живот му беше обележан и со радости, и со тешки трагедии. Со првата сопруга Лола Ван Вегенен имаше четири деца, од кое едното почина како бебе. Подоцна ја изгуби и ќерката Шона во сообраќајна несреќа, а синот Џејми почина од рак во 2020. Во 2009 година се ожени со германската уметница Сибил Загарс.

Роберт Редфорд ќе остане запаметен како актер и режисер кој влијаеше врз цели генерации, но и како пионер кој ја создаде независната филмска сцена што денес е неизоставен дел од светската кинематографија.

п.с.

Барбра Стрејсенд (83), се осврна на снимањето на „Како што бевме“ во своите мемоари од 2023 година „Се викам Барбра“.
“Беше многу забавно да се работи со Боб, напиша Стрејсенд. ‘Тој и јас имавме вистински однос и публиката можеше да го почувствува тоа. Тешко е да се објасни зошто одредена комбинација од двајца актери функционира, но во едно интервју, Боб се обиде: ‘Барбра… нејзината женственост ја истакнува машкоста кај мажот, а нејзината машкост ја истакнува женственоста, ранливоста, романтизмот на мажот, како и да сакате да го наречете.’ Не е ни чудо што ми се допадна. Тој е многу перцептивен.’“

Инаку, останатите кои работеле со нив на филмот, изјавуваа дека на Редфорд му било многу непријатно да работи со Барбра, затоа што таа била просто, опседната со убавиот актер и не пропуштала прилика да му се доближи сексуално. До толку, што Роберт во неколку наврати сакал и да го напушти снимањето на филмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *