Роботот програмиран да игра шах, во текот на шаховската партија на Отвореното првенство во Москва, му скршил прст на седумгодишно дете кое му било противник.
Ова го потврди и претседателот на Московската шаховска федерација Сергеј Лазарев по инцидентот кој се случи минатата недела.
„Робот го скрши прстот на детето – ова е, се разбира, лошо“, рече Лазарев. „Роботот е изнајмен од нас, долго време е изложен на многу места од специјалисти. Очигледно, операторите превиделе некои недостатоци. Детето направило потег, а после тоа треба да се даде време роботот да одговори со свој потег, но момчето побрза да направи пак потег, и роботот го зграпчи“, рече тој.
Момчето продолжи да се натпреварува на форумот откако му го ставија прстот во гипс, изјави Лазарев.
„Детето играше следниот ден, го заврши турнирот во гипс “, додаде Лазарев. „Ќе се координираме за да разбереме што се случи и ќе се обидеме да му помогнеме на семејството на детето на кој било начин. А операторите на роботот, очигледно, ќе мора да размислуваат за зајакнување на заштитата за да не се повтори таква ситуација“, рече тој.
Младиот шахист одлучил да ја заврши партијата, но неговите родители најавија тужба.
И од федерацијата велат дека треба да се вградат дополнителни безбедносни протоколи, иако овој робот игра шах 15 години, апсолутно е безбеден и дека ова е единствениот инцидент на кој се сеќаваат.