Родителите на жртвите од „Пулс“ повторно на улица

По една недела пауза, родителите, роднините и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на улиците за да укажат дека и натаму чекаат правда, како и да испратат пораки до системот. Тие преку транспаренти го искажаа својот револт, гнев и тага уште од самиот старт.

„Престанете со тортура на нашите семејства“, „Ние изгубивме, вие уште имате за што да се борите“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „62 животи, 62 иднини, 62 семејства со вечна болка. Правда и одговорност – нема мир без тоа“, „Крив е системот, не беше несреќа, беше неодговорност! Правда за нашите деца“ – пишуваше на нив.
Маршот на ангелите се одржува секоја сабота, во 18:05, како симбол на доцната реакција на институциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *