Грчкиот мит напишан од Лонгус за љубовниците Клое и Дафнис, напуштени веднаш по нивното раѓање, одгледани од овчари на островот Лезбос, кои подоцна страсно се вљубуваат меѓусебно, а ги наслика францускиот рококо уметник Франсоа Бушер е инспирација за последните креации на модната дизајнерка Вивиен Вествуд…
Оваа унисекс колекција (есен – зима 2021/22) на Вествуд е љубов кон минатото, еротиката, корсетите, пастелните бои, пасивноста…
Преку деведесет отсто од материјалите употребени за изработка на облеката се од органски и рециклиран памук, органска свила, рециклирани џинс, најлон и полиестер. Осумнаесеттиот век е врв на уметноста и културата, а Вивиен Вествуд со своите форми и тоа како се вклопува во романтичните трендови!
Извор: viviennwestwood.com