Сутерен.мк

Русија ги забрани Фејсбук и Твитер

Руските власти во еден ден ги забранија социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, како и многу од странските медиуми!

Откако го блокираше пристапот на руските граѓани до Фејсбук, попладнево беше блокиран и Твитер. Руската агенција за државни комуникации Роскомнадзор претходно бараше од Твитер да избрише содржини кои се забранети од властите во Москва.

Во четвртокот беа затворени и два од трите преостанати домашни независни медиуми, телевизијата „Дожд“ и радиото „Ехо Москва“.

Со новиот закон што го потпиша Путин ќе се казнуваат со повеќегодишни затворски казни сите кои ќе шират „лажни“ информации за руски војници, ќе ја дискредитираат руската армија или ќе повикуваат на санкции против Русија.

Москва официјално ја нарекува инвазијата врз Украина „воена операција“ и веќе им забрани на медиумите да користат термини како „напад“ или „инвазија“.
Законот ќе важи и за ширење „неточни информации за гранатирање на украински градови и смрт на цивили во Украина поради акциите на руската армија“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *