Сутерен.мк

Русија не им верува на солзите

Руските регрути, чија мобилизација неодамна ја најави претседателот Владимир Путин, се испраќаат директно на фронтот, без никаква обука или медицински прегледи, наведува платформата „Телеграм“:

„Новите регрути не учествуваат во вежби, не се прегледани од лекарска комисија и не поминуваат никаква обука“, се наведува во групата „Прво одделение“ во објава на мрежата.

Групата сподели видео објавено од неименуван регрут, кој бил повикан да се бори:

„Здраво на сите, првиот тенковски полк е тука. Официјално ни беше кажано дека нема да има обука пред да бидеме испратени во воена зона. Командантите на полкот го потврдија тоа. На 29 септември ќе бидеме испратени во Херсон“.

Русија има намера да регрутира речиси 300.000 војници како дел од делумната мобилизација со цел да ја промени ситуацијата на бојното поле, која во последните недели беше во корист на Киев.

Во исто време, по обелоденувањето на мобилизацијата, голем број Руси побрзаа да ја напуштат земјата.
Во Грузија, во близина на граничниот премин со Русија, денеска се одржа протест против пристигнувањето на голем број Руси кои бегаат во кавкаската земја за да ја избегнат најавената мобилизација во својата земја.

„Путин е терорист“, „Русија убива“, можеше да се прочита на некои плакати што ги носеа демонстрантите во близина на граничниот премин Казбеги. Тие вееја и украински и грузиски знамиња.

Бројот на пристигнувања на овиј граничен премин бележи нагло зголемување откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави „делумна“ мобилизација за поддршка на инвазијата на Украина. Според грузиските власти, бројот на пристигнувања од Русија е речиси двојно зголемен во последните денови, достигнувајќи околу 10.000 дневно.

Напливот бегалци, првиот регистриран од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари, предизвикува тензија во грузиското општество, кое војуваше против Русија во 2008 година.

Денешниот протест, на кој беше интонирана украинската химна, го организираше прозападната опозициска политичка партија „Дроа“.

– Ова неконтролирано и невидено доаѓање на Русите создава проблеми за безбедноста на Грузија, рече Тамара Гвинианиѕе, која е меѓу организаторите на протестот. – Границата мора веднаш да се затвори бидејќи владата покажа дека не е во состојба да се справи со оваа миграциска криза, додаде таа, најавувајќи дека во наредните денови ќе се одржи уште еден протест.

Преку границата, властите во руската област Северна Осетија најавија ограничувања за влез на возила од други региони на Русија, мерка која има за цел да го спречи приливот на патници во соседната земја.

Откако минатата недела беше најавена мобилизација, десетици илјади Руси заминаа во соседните земји. Казахстан, Монголија, Ерменија и Финска, исто така, забележаа значителен пораст на пристигнувања од Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *