Сутерен.мк

Самозапршка!

Желбата на побегнатиот италијански гангстер да си ги покаже своите готвачки вештини јавно, го чинеше затвор после седум години бегство.

Италијанската полиција го уапси Марк Ферено Бијарт преку видео клиповите што ги ставал на Јутјуб!

Бијарт (кој не го покажуваше лицето на снимките, но го „предадоа“ тетоважите) е наводно, член на организацијата Ндрагета и е обвинет за криумчарење на кокаин.

Седиштето на кланот што го води Луиџи Манкузо („Вујко“) е во Калабрија, а Ндрагета се смета за една од најмоќните криминални организации ширум светот, бидејќи е главен контролор на увозот на кокаинот во Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *